Македонија

Презентирана Стратегијата за образование на возрасни за 2025-2030 година

Населението во Македонија старее, наталитетот е низок , па за да се подобри продуктивноста во земјава , Центарот за образование на возрасни , со поддршка на Министерството за образование и ЕУ, изготви Стратегија за образование на возрасни , за периодот 2025- 2030 година. Преку неа Македонија ќе се обиде да го постигне европскиот просек од 47% вклученост на населението во различни типови образование, кој сега изнесува 25%, а се однесува на граѓани, на возраст од 25 до 64 години. Ова го кажа министерката за образование Јаневска, на денешната презентација на Стратегијата , која се базира на концептот на доживотно учење и е дел од реформите во образовниот процес. За да профункционира Стратегијата, донесен е нов Закон за образование на возрасни, со два нови инструменти: акредитација на институции и валидација на програми. Тие програми се направени согласно спроведената анализа на пазарот на трудот, а за стекнување нови знаења и вештини, различни категории граѓаните ќе треба да се пријават на обуки, рече Јаневска.

  • Тоа би значело пократки, подолги обуки, дообука, реобука некаква, за тие невработени луѓе, маргинализирани групи, социјално ранливи групи , кои би можеле побрзо да се вклучат на пазарот на труд, преку програмите што ги изготви Центарот и институциите кои што ќе ги акредитира Центарот, кажа Весна Јаневска, министерка за образование и наука.
  • Главната цел на Стратегијата е имплементација на европските образовни вредности во нашиот систем. Т.е. европски образовни политики и практики за возрасната популација, преку неформалното образование , па до делови од формалното образование, рече Садудин Садики, в.д. директор на Центарот за образование на возрасни.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Разрешување на Петар Богојески од функцијата директор за европски образовни политики бара мрежата за заштита од дискриминација поради неговите навреди и постапката за говор на омраза

Дејан Дејан

ДКСК: 15 години нема законска забрана за употреба на пиротехнички средства во обејкти

Дејан Дејан

„Здрава котлина“ со кривична пријава за градоначалникот на Ново Село за леарницата кај Смоларе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе