Вести Свет Топ вести

Побарувања за „Шота“ од Германија, Полска, Грција, Украина… – Албанија ќе произведува оклопни воени возила

По прототипот на оклопното воено возило „Шота“, произведено лани, Албанија во 2025 година планира да произведува и други такви кои ќе бидат во функција на вооружените сили на земјата, но и ќе извезува.

„Ние соработуваме со странски компании и оваа година веруваме дека ќе произведеме неколку возила „Шота“. Тоа нема да биде само прототип, туку возило што дејствува на терен“, изјави Арјета Пуца, сопственичка на компанијата „Тимак“, за телевизија А2.

Според неа, интересот во странство за воена опрема што ќе се произведува во Албанија е голем.

„Сакаме да почнеме со Албанија, но имаме многу барања и од Германија, Полска, Украина, па дури и Грција, со кои сме во разговори и веруваме дека оваа година ќе ги имаме првите производи“, рече Пуца.

Телевизијата наведува Албанија планира да потроши 122 милијарди леки за модернизација и 61 милијарда леки за воена инфраструктура до 2033 година. Дел од тоа се очекува да оди за поддршка на приватни претпријатија кои ќе произведуваат воена опрема.

„Како дел од 10-годишниот договор за безбедносна соработка и долгорочна поддршка меѓу Киев и Тирана, потпишан од премиерот Еди Рама и претседателот Володимир Зеленски во Давос во јануари, неколку оклопни возила ќе одат во Украина“, наведува „А2“ телевизија.

Првиот прототип на оклопно воено возило „Шота“, беше претставен на меѓународниот саем Јуросатори (EUROSATORY) што се одржа во Париз, во средината на јуни минатата година.

Возилото е опремено со напредна технологија и може да се користи во широк опсег на воени и цивилни операции, вклучувајќи транспорт на војници, спасувачки операции и безбедносни мисии.

Дизајнирано е од албанскиот дизајнер Григор Андони, а било произведено за околу три месеци. Компанијата „Тимак“ во која 75 отсто од вработените се жени, извезува санитетски возила во 20 земји низ светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе