Вести Македонија Топ вести

Молк за жртвите, пароли за правда и порака – „Системот е следен“

Молк за жртвите, гласни пароли за правда и еден главен транспарент со порака „Системот е следен“. Вака помина денешниот протест на кој млади луѓе од иницијативата „Кој е следен“ порачаа дека бараат правда и системски промени.

Децидни во излагањата дека не е важно кој стои зад нивната иницијатива туку какви барања имаат, чекореа на долга рута која ги опфати повеќе институции. Почнаа пред Влада, продолжија кон Судскиот совет и Собранието, а завршија пред Кривичен суд.

Пред судот ги прочитаа имињата на сите жртви од трагедиите во минатото.

„ – Луѓе, не сме во џакузи туку чекор пред смрт. Секој еден од нас може да е следен. Толку постепено и етапно корупцијата и неморалот имаат пуштено корени во нашето општество, што изгледа не нѝ е јасно дека прва на менито и изгледа единствена опција е жабја супа.

– Македонците, пак, полесно ќе го замислат крајот на светот отколку политичко движење што не е партија. Ако си гласен си партија, ако се организираш си закана, ако спомнеш жртва – ја злоупотребуваш“, велат организаторите на протестот. 

Имаат неколку барања, а првото веќе го доставија до Владата. Бараат воведување на електронски систем каде што институциите ќе ги поднесуваат записниците од инспекциски надзори на угостителските објекти, за јавноста да има увид кој работи со лиценца, а кој на „диво“ – со цел никогаш да не се дозволи да се повтори трагедијата од Кочани.

Од иницијативата најавуваат дека етапно ќе ги поднесуваат барањата до сите институции, а клучно според нив е да се реформира правосудниот систем.

„Денеска сме на улица за да се избориме против системот кој нѐ тера да ги заборавиме овие сите трагедии. Исто така протестираме за сите барања кои се изнесени во јавноста досега и властите се запознаени, но повеќе се вртат муабети всушност кои сме ние наместо да обрнеме внимание на тоа што ние го бараме. Апелирам до сите граѓани да го кренат својот глас и да кренеме глас против неправдите“, вели Анастасија Митревска од Иницијативата „Кој е следен?“. 

Од „Кој е следен?“ со протестите започнаа по смртта на Фросина Кулакова која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на пешачки премин на „Партизанска“.

Неколку недели подоцна семејството на Кулакова се огради од начинот на делување на организаторите на протестот, а нивните собири продолжија по трагичниот пожар во Кочани.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе