Вести Македонија Топ вести

Во Општина Струга било навика да се купуваат скапи возила?!

По навика купиле луксузно општинско возило, затоа што и претходните биле скапи. Ова е оправдувањето на сведоците на одбраната на струшкиот градоначалник, на денешното рочиште за набавката на четирите општински возила, меѓу кои и  луксузното „Ауди А6“ од 66 илјади евра. Бил избран најповолниот понудувач, а биле купени 3 возила „шкода“ и луксузното „ауди“. И возилата од претходниот возен парк на општината биле „ауди“ и „мерцедес“ со висока вредност.

Сведоците, претседател и заменик претседател на Комисијата за јавни набавки, која во 2019 година го спроведе тендерот,  пред судот изјавија дека набавката е спроведена законски, по Одлука на општинскиот Совет.Сведочеше и поранешен ревизор од Државниот завод за ревизија,а  сега пензионерка, Лилјана Стојановска, која укажа дека сметката на општината била блокиран, а судот определил минимум средства за нејзино функционирање. Но, претседателот на Основниот суд во Струга во ноември 2017 го променил решението и го зголемил месечниот лимит  од над 50 милини денари, со што се надминал вкупниот годишен буџет на општината.

Судијата кажа дека веќе се изведени сите докази, а пресуда се очекува до летото.

На главниот претрес за предметот, пак, во кој Мерко е обвинет за поттикнување на етничка омраза и раздор кај граѓаните, затоа што лани на општнската зграда постави спомен плоча на албански јазик, со која се велича фашистичката окупација на Струга, беа сослушани тројца сведови. Инспектор од Министерствиото за култура кажа дека бил спроведен вонреден надзор и е констатирано дека плочата е незаконски поставена, за што Мерко бил прекршочно казнет. Сведочеа и двајца членови на општинскиот Совет, кај кои вознемирените граѓани го пријавиле поставувањето на спомен плочата.

За утре се закажани 3 судења против Мерко за предмети за незаконско поставување на директори во струшките училишта.Против него се поднесени вкупно 9 обвиненија, за кои има активни судски постапки, а во секоја му се заканува и затворска казна, но до денес нема ниту една пресуда.

Тој е и на црната листа на САД од 2023 година, поради вмешаност во корупција.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе