Вести Македонија Топ вести

Судскиот совет го добил предметот против Менсур Пајазити

Судскиот совет денеска го добил предметот за обивнетиот за Менсур Пајазити кој на пешачки во Тетово смртно ја прегази 22 годишната Теодора Ристовска и доби 2 години затвор. Претседателот на Судски Александар Камбовски за Телма објасни дека формирал работна група со три члена кои ке го разгледаат предметот- од првиот ден кога обвинението влегло во судот по се до понеделникот кога по вторпат почна и заврши во тетовскиот суд. Камбовски вели дека предметот го побарале уште во понеделникот, но и дека не сакаат да влијаат врз постапката која не е правосилна.

„Работната група ќе го разгледа предметот во најскоро време ќе подготви информација и ќе биде известена и јавноста“ изјави Александар Камбовски, претседател на Судски совет.

Во меѓувреме тече 15 дневниот рок во кој Судијата Ељведин Ферати треба да ја напише пресудата.  Обвинителство го чека образложението на пресудата, но сметаат дека има основа за жалба имајки ја предвид висината на казна.

Пресудата од три ипол години која првично ја досудила судијката Верка Костовска во тетовскиот суд,  гостиварска апелација ја намалила на 2 години. Врховен пак ги укинал двете пресуди поради суштествени повреди а повторениот процес води Ферати затоа што Костовска се пензионира. Семејството на Ристовска разочарано бара максимална казна а тоа е 5 години. Од обвинителство дека сите докази упатувале оваа законска одредба затоа што сообраќајната несреќа со смртни последици се случила од небрежност, а не со евентуална умисла.

„Апелацискиот суд, кој исто така постапувал во предметот, ја намалил санкцијата, но во ниту еден момент не ја оспорил правната квалификација. Во крајна линија, и Врховниот суд во својата одлука ги укинал претходните пресуди заради повреди во судската постапка, а не заради правната квалификација“ стои во соопштението на Обвинителство.

Во понеделникот по две одлагања судењето за Пајазити почна и заврши во еден ден. Обвинителот го прочита обвнението обвинетиот призна вина беа изведени докази,  а откако сите дадоа завршен збор без пауза, веднаш судијата ја прочита пресудата.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе