Вести Македонија Топ вести

Многу угинувања во битолската ЗОО за неколку месеци – опозицијата обвинува за неухранетост и набавки на сомнителна храна

Тажна е глетката во битолската Зоолошка градина, каде голем број од кафезите се полупразни.  За угинувањето на животни поради неухранетост обвини опозицијата во битолскиот Совет. За неколку месеци изумреле три мајмуни, две змии, два бува, пони коњче, кози, неколку елени. Советниците побараа одговори и одговорност од директорот, кој, велат, набавува сомнителна храна.

„Дали е точно дека паѓаат животни од неухранетост? – Залепени им се цревата, смртност од неухранетост е катастрофа“, праша советникот од СДСМ,  Борче Корлевски.

Директорот Жарко Тренкоски потврди дека животни умираат, иако не кажа колку станари изгуби Зоолошката градина во Битола. Се пожали дека недостигаат и средства и кадар, но категорично демантира дека животните се изгладнети. Рече дека сите вработени вложуваат натчовечки напори да ја одржат градината и да не се затвори, затоа што станува збор за исклучитлено значајна установа за градот.

„Во Зоолошката животните за храна нема да страдаат. Дали има угинати животни? – Има. Ќе се раѓаат нови и ќе угинуваат, но не од неухранетост. Сите обдукциски наоди покажуваат дека смрта не настапила од неухранетост“, рече Жарко Тренкоски, директор на ЗОО Битола.

Советниците предложија сите колку што можат да се вклучат и да помогнат за спас на битолската зоолошка градина, стара 75 години.

„Ќе си земам обврска дека ќе се обидам да лобирам кај бизнисмени, граѓани на Битола кои сметам дека можат да помогнат во зоолошката“, рече Анастасија Трајковска, советничка од ДОМ.

Лани во септември угина една од двете мечки, а тогаш беше кажано дека смртта настапила од старост. Во битолската ЗОО  градина има десетина вработени од кои осум се зоонегуватели кои се грижат за околу 300 станари во градината, иако се потребни трипати повеќе.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Според истражување во Србија 70 отсто од испитаници не гледаат решение во власта и опозицијата

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе