Две скопски училишта утринава добиле дојави за поставени бомби на своите електронски адреси. Информацијата ја потврди и МВР.
Од таму информираат дека веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави.
На 7. февруари годинава до училиштата низ земјава стигнаа над 240 лажни дојави за поставени бомби.
Надлежните истражува која е целта и заднината на лажните дојави и додаваат дека во оваа насока се соработува со партнерите од Интерпол и Европол.
Од МВР најавија дека ќе ги преземе сите превентивни и репресивни мерки доколку се утврди сторителот и се открие зошто се повторуваат ваквите лажни дојави.