Вести Македонија Топ вести

Трендафилов: Минималец од 500 евра за мене и за сите функционери во наредните 12 месеци

Политиките кои ги креира Владата, а се однесуваат на работниците во Македонија се погрешни. Приходите се ниски и мора веднаш да се зголемат, а нападите кон ССМ и раководството да запрат, порачаа денеска од Синдикатот во пресрет на утрешниот протест, односно јавна седница на сите раководни тела во Сојузот на Синдикати на Македонија.

Според ССМ, не само минималец од 500 евра, туку и зголемување на платите на сите вработени за најмалку 6.000 денари е она што е неопходно да се стори во моментов, бидејќи стандардот на работниците е исклучително низок. Претседателот на ССМ ги повика сите избрани и именувани функционери да се откажат од своите плати и една година да работат за 500 евра и да го изгласаат минималецот во ист износ.

Трендафилов и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски денеска преку социјалните мрежи си испратија пораки дека не се пријатели и нема да бидат на иста страна.

Во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно имаше прес-конференција на кој беше соопштена пресметката од броењето на приходите на еден од синдикалните лидери, Иван Пешевски.

Од ССМ соопштија дека за нападите и притисоците од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и обидите за одлевање на членството се известени и меѓународни синдикални федерации.

Репрезентативноста на ССМ сè уште виси, бидејќи Комисијата ги проверува доставените списоци со активни членови и доколку се потврди дека ССМ има како членови најмалку 10 проценти од вкупниот број на вработени во државата, може да продолжи со работа Економско-социјалниот совет.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трендафилов: Денеска им покажавме дека не се плашиме, без оглед колку нè напаѓаат

Дејан Дејан

Му нашле дрога во стражарница – кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид

Дејан Дејан

„Политико“: Маск наскоро ќе се повлече од ДОГЕ и се враќа на бизнисот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе