Вести Свет Топ вести

Над 2.700 загинати и околу 4.500 повредени – биланс по земјотресот во Мјанмар

Над 2.700 луѓе загинаа, околу 4.500 се повредени, а повеќе од 400-тини се водат како исчезнати. Ова се најновите официјални податоци за последиците од разорниот земјотрес што го погоди Мјанмар. И натаму продолжуваат спасувачките операции по преживеани. Денеска е извлечена 63-годишна жена по 91 час под урнатините, но стручњаците предупредуваат дека веројатноста за пронаоѓање и на други лица драстично опаѓа по 72 часа.

Бројките на загинати и повредени се очекува да растат. Земјотресот погоди големи делови на Мјанмар, оставајќи многу области без телефон и струја. Оштетени се голем број на патишта и мостови, па засега е тешко да се направи целосна проценка на размерите на уништување, со оглед дека најголемиот дел од извештаите досега стигнаа од главниот град Најпидо и од вториот по големина град во земјата, Мандалеј. Според Светската здравствена организација, повеќе од 10.000 згради се урнати или тешко оштетени во северозападниот и во централниот дел на Мјанмар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трендафилов: Мојата плата во ССМ е 60.000 денари, за 60.000 денари ја ставам главата во торба

Дејан Дејан

Трендафилов: Владата е соучесник во криминалот што се случува во Македонија

Дејан Дејан

Трендафилов: Напаѓаат со тешка артилерија, ние не сме почнале ниту да се браниме, а камоли да напаѓаме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе