Вести Македонија Топ вести

Каде има несинхронизираност во Вреди и кој комуницира со ДУИ – некој со тврдења, некој се оградува

„Недостасува синхронизираност помеѓу партиите во Влен“, Таравари, кој е еден од лидерите, вака ги опиша односите внатре во коалицијата. Во јавноста се шпекулира дека има разидувања меѓу четирите партии, а нејасно е како тие ќе настапат на локалните избори. Но, Таравари тврди дека коалицијата, сепак, останува дел од Владата и нема други планови.

„Има едно незадоволство од функционирањето на Влен. Тоа е повеќе поради тоа што има една десинхронизација меѓу партиите коишто се дел од Влен. Тешко е кога е една партија, а камоли кога се четири. Нѝ треба подобра комуникација, впечатокот е лош кај народот дека Влен не делува како што треба во Владата. Владата има доверба од 70%, а на прашањето колку се задоволни од Вреди, одговорот е 30 и нешто проценти. Се надевам дека тоа ќе се поправи во идниот период“, изјави Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците.

Таравари зборуваше и пред неколку дена. Кажа дека во Вреди има недоразбирања, ама и конструктивност. Засега, извесно е дека коалицијата ќе настапи со заеднички кандидати за градоначалници, но неизвесни се советничките листи.

Предводникот на крилото на Алијанса за Албанците понудил две опции. Едната е сите партии да настапат одделно во трката за советнички места. Друга опција е трите партии од Вреди да бидат заедно, а Алијанса посебно.

Со тоа, јавноста започна да шпекулира дека Таравари отвора пат за соработка со ДУИ. Тој во интервју за „360“ кажа и дека имаат контакти со ДУИ, а додаде дека сите други партии од Влен комуницираат со партијата од Мала Речица. Од овој став се оградија Меџити, Касами и Ибраими.

„Демократско движење нема и нема да има никаков вид на соработка со корумпирана партија, каде нејзините врвни функционери се ставени на црната листа на американскиот Стејт департмент, за корупција“, соопштија од Демократско движење.

Од Движењето БЕСА тврдат дека ниту Биљал Касами, ниту пак било кој друг од партијата има комуникација со интегративците.

Алтернатива на Зекирија Ибраими додава – „никаква комуникација нема, на никакво ниво со ДУИ“. Спроти нив, Таравари е дециден – барем пратениците комуницираат помеѓу себе.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Му нашле дрога во стражарница – кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид

Дејан Дејан

„Политико“: Маск наскоро ќе се повлече од ДОГЕ и се враќа на бизнисот

Дејан Дејан

Јавноста во дилема кому да верува – препукувања меѓу рудникот „Тораница“ и Општина Крива Паланка за загадувањето на Крива Река

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе