Вести Македонија

Со ниви си ја платил слободата пред суд и наместо во притвор киднапирал мигранти и во Студеничани им барал откуп

Криумчар на мигранти, водач на група во Студеничани која во заложништво држела киднапирани млади мигранти требало да биде во притвор за истото дело, извршено претходно, но судот му ја заменил најстрогата мерка, по што осомничениот го повторил кривичното дело. Ова го откри обвинителството за гонење организиран криминал и корупција откако судот на криумчарот на мигранти му определи притвор за второто, повторено дело.

Во претходниот случај, судот му го укинал притворот на 50-годишниот жител на Студеничани и прифатил гаранциjа во ниви и земјоделски површини.

-Против првоосомничениот веќе се води постапка во ОЈО ГОКК за сторено кривично дело Криумчарење на мигранти за кое му била определена мерка притвор која Кривичниот совет решавајќи по жалба на одбраната прифатил гаранција од 185.382 евра во земјоделско земјиште и ја преиначил мерката притвор, определувајќи му мерки на претпазливост. Апелациониот суд решавајќи по жалба на ОЈО ГОКК ја отфрлил истата и ја потврдил одлуката на Кривичниот совет, по што тој го повторил делото, сторувајќи дополнително уште едно кривично дело, соопштија синоќа од ОЈО ГОКК.

Согласно сумата која ја објави обвинителството, станува збор за земјоделски површини од околу 25 хектари ако се смета висока цена на квалитетно земјиште за земјоделие. Но, засега не е објавено колкава површина е земена како гаранција за слобода на повратникот во криумчарење мигранти.

Оосомничениот завчера бил фатен како сторител на нови дела и тоа, организирање на група за трговија со луѓе и криумчарење мигранти, како и кривично дело криумчарење на мигранти. Меѓу мигрантите пет лица се малолетници, а шестиот е постар малолетник.

–На 24.03.2025. на електронската адреса на Службата за односи со јавноста пристигна порака со линк од локација и следната содржина: „Ние сме 6 странци и бевме киднапирани од вооружена група која бара пари за да не ослободи. Ве молиме за итна помош. Се наоѓаме на оваа локација, во куќа во складиштето на куќата.SOS!“, која порака во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје беше проследена до Секторот за компјутерски криминал во МВР. По брзата реакција и извршениот претрес во подрумските простории на станбен објект во с. Студеничани од страна на полициските службеници од МВР беа пронајдени шестмина илегални мигранти од кои пет малолетници и едно деветнаесетгодишно лице, соопштија истражните органи.

-Двајца од осомничените, во текот на месец март годинава, заедно со организатор по потекло од арапските земји кој престојувал во Р. Грција и повремено во скопскиот регион, со цел стекнување имотна корист се здружиле и како дел од меѓународна криминална мрежа организирале меѓународна криминална група во РСМ која имала за цел вршење на кривично дело – Криумчарење на мигранти. Групата co помош на водичи т.н. ,,качаци“ организирала илегално пренесување на групи мигранти од територијата на Р. Грција на територијата на PC. Македонија преку илегални премини т.н. зелена граница. По дадени задачи и насоки од првоосомничениот, неидентификувани припадници на групата со возила ги прифаќале и ги преземале мигрантите и ги превезувале до с.Студеничани од каде тројцата осомничени ги прифаќале и времено ги засолнувале, а потоа илегално ги пренесувале од територијата на РСрбија кон државите на ЕУ, соопштија од ОЈО-ГОКК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алијансата и Таравари одлучија со свои листи да одат на локални избори, но да останат во “Вреди”

Дејан Дејан

Трамп: Можеби Харвард треба да го изгуби фискалното ослободување

Дејан Дејан

(видео)Централното претседателство на крилото на Арбен Таравари од АА- без конкретен одговор дали е можно и евентуално напуштање на Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе