Вести Македонија Топ вести

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката „Пулс“ повикани во полициска станица

Сопругата и ќерката на сопственикот на дискотеката Дејан Јованов – Деко од вчеравечер во полициска станица,  дознава Телма. Според нашите извори тие се  дел од повиканите со кои е извршен распит како лица кои би можеле да имаат определени сознанија.

Од обвинителството и МВР не потврдуваат, но информираат дека вчера и денеска се вршеле претреси, распити и се одземале докази за истрагата за траорниот пожар во дискотеката во Кочани.

„Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани. Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија“ стои во соопштението на обвинителството.

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица. Од вчера обвинителскиот тим се прошири на 11 истражители планираат да направат распит на повеќе од 300 сведоци.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе