Вести Топ вести

15 отсто од фирмите со лиценци за изградба, проектирање, надзор не исполнувале услови за работа

Одземени лиценци на фирми кои се занимавале со градба на брани, автопати, мали хидроцентрали,  згради, државни објекти, но и на такви кои проектирале, вршеле надзор, ревизија, и кои изработувале урбанистички планови.

Транспорт направиле контроли кај над 640 лиценцирани правни лица, кај 15 отсто од нив е забележано дека престанале да ги  исполнуваат законските услови за работа. Меѓу нив има и познати имиња. Министерот за транспорт Николоски вети дека идната недела јавно ќе ги објави.

-Кај 13 фирми кои се занимаваат со градежништво и имаат право да градат брани, автопати, државни објекти, министерства влада, им е одземена лиценцата и не смеат веќе да градат, на 34 градежни компании со се што е градба во земјава надвор од овие претходно. На  две правни лица им е одземена лиценца за надзор на градба, на три правни лица што прават проектирање и 20 правни лица кои се занимавале со градба на се што е надвор од државни објекти. 2 правни лица за ревизија на документација и 16 правни  лица одземена лиценца за изработка на урбанистички планови, изјави министеро за транспорт и врски Александар Николоски

Објектот во Кочани во кој се случи пожарот,  според  Николоски станува проблематичен по 2011 година, кога почнале да се прават внатрешни адаптации и реконструкции без никакви дозволи.  Приватна фирма ставила печат и потпис дека се исполнуваат минимално пропишаните технички услови. За добивање на лиценца од Министерство за економија освен барање плус се доставува и:

  • Решение од упис во трговски регистар издадено од Централен регистар
  • Одлука за определување на надоместок,
  • Пријава за исполнување на минимално технички услови за вршење на угостителска дејност,
  • Од МВР се обезбедува документ за исполнување на условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедноста во сообраќајот.

Ова значи дека во целиот процес вклучени се, Општината, Државен пазарен инспекторат, Централен регистар,  Министерство за внатрешни, за економија.

Сите документи се прибавуваат по службена должност од  Министерството за економија, а подносителот  поднесува  изјава дека под материјална морална и кривична одговорност  тврди дека истите се исправни. По мене законот не е добар и мора да се смени, додава Николоски

Николоски не откри колку закони треба да се променат,  но рече дека контролите ќе бидат заострени и ќе мора да се прават на секои 6 месеци.

Ирена Чачкова

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе