Вести Македонија Топ вести

(Видео) Таравари: Стабилна е состојбата на сите пациенти, од 20-те критични, денеска се 10, но надвор од животна опасност

Сите пациенти што се лекуваат во македонските болници и во странство се стабилни и добра состојба, порача министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес-конференција. Според него, се намалува бројот на критичните.

„Повеќето се подобруваат. Од вкупно 20 кои беа критични, денеска констатираме дека 10 се потешки пациенти, но и тие се стабилни и надвор од животна опасност“, рече Таравари кој додаде дека во македонските болници моментно се третираат 72 пациенти, а 101 во странство. 

Во текот на вчерашниот ден, како што кажа, биле испишани тројца пациенти и пуштени на домашно лекување, а за утре се планирани уште тројца. Тој најави можност за испраќање на уште 10 пациенти во странство, но конечната одлука ќе биде донесена по консултации со колегите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе