20.03.2025 06:28
Вести Македонија Топ вести

Пазарна инспекција во контрола на дискоклубови и кабареа

Во над 40 објекти низ целата држава од Пазарен инспекторат тврда дека направиле контроли. Што и како затекнале нема информација. Одговорија само дека се во координација со другите институции и дека се продолжува со проверките.

Според извештај на Министерството за економија, вкупно 22 објекти во моментов имаат важечки лиценци. Осумнаесет за кабаре, две за дискоклуб и, исто толку, за дискоклуб на отворено. Од министерството велат дека имаат и пет барања за лиценца кои се во процедура.

Но, што треба за вршење на угостителска дејност? – Во законот стои дека треба да бидат исполнети минимално пропишани услови. За исполнувањето на овие услови и започнување со работа, угостителот е должен да го пријави во Државен пазарен инспекторат, кај градоначалникот на општината 15 дена пред почетокот со работа. Секоја промена, исто така, треба да се пријави.

Градоначалникот на Општината води и евиденција на угостителските објекти кои започнуваат со работа на нивното подрачје. Води регистар на угостителски објекти, советите во општините носат и одлука за висина на лиценца, води регистар за работното време, надлежни се и за елаборатот за животна средина.

За угостителска дејност во угостителски објект, ноќен клуб, кабаре, дискоклуб, дискоклуб на отворен простор може да врши ако обезбедил согласност од органите на државната управа, надлежен за работите од областа за внатрешни работи дека се исполнети условите за заштита на јавен ред и мир и безбедност и во сообраќај. Лиценцата, пак, ја издава Министерството за економија по претходно поднесено барање. Сето ова го пишува во законот за вршење на угостителска дејност.

Објектот во кој се случи несреќата бил регистриран за лесна индустрија и така работел 15 години. Ова вчера го кажа министерот за внатрешни Тошкоски. Ова значи дека така функционирал во време на повеќе влади, министри, градоначалници, директори на инспекторати. А зошто досега пазарниот инспекторат не направил проверка како што се спроведуваат сега, Мицкоски одговори.

Според извештајот на економија, во 2023 последно било дадено негативно мислење за добивање на лиценца.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За 13 000 евра мито ветувал дозвола за градба на апартмански комплекс во Маврово- уапсен раководител на урбанистичко одделение во општина Маврово Ростуша

Дејан Дејан

Таравари го разреши директорот на кумановската болница поради смртта на Адеми по примена инфузија и побара МВР да го казни неговиот возач кој беше непрописно паркиран додека даваше изјава

Дејан Дејан

Зеленски: Со Трамп имавме позитивен, многу суштински и искрен разговор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе