Вести Култура Македонија Топ вести

Промена на културната политика со повеќе финансии и простор, бараат младите уметници

Иако актуелната , но и претходната власт, во годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата, ставија акцент на стимулирањето на младите уметници, таа поддршка не е доволна. Младите бараат промена на културната политика , со повеќе средства и простор за афирмација на творештвото, со цел професионализација во насоката што ја одбрале .

  • Генералната културна политика мора да биде изградена во насока, да може самата култура да биде кај поединците, кои се занимаваат со култура, да не им биде таа некоја втора работа, да не им биде хоби, рече Андреј Медиќ- Лазаревски, поет и главен уредник на Здружението „ Култура Бета“.
  • Финансиски да се вложи во повеќе младински центри . Повеќе да се соработува со постари писатели, со поистакнати дејци. Едноставно, да се даде повеќе можност на уметниците, на младите уметници. Да се верува повеќе во младината, кажа Емануела Ковачевска, поетеса.

Овие реакции дојдоа од мултимедијалниот настан „ Клинци“, што го организира Здружението за афирмација на младинската култура „ Култура Бета“. Покрај читањето поезија од млади македонски поети, во рамките на настанот беше отворена третата самостојна изложба на фотографии, на Емилија Трајковска од Битола. Таа е иден историчар на уметност, а со фотографија се занимава, како што вели, од мали нозе. Но, признава дека не е лесно, особено кога работи аналогна фотографија.

  • Воопшто не е едноставно. Бидејќи нема никаква поддршка. Сѐ што правам е на моја рака, со моја желба и моја волја. Многу ретко добиваме некаква поддршка, вели Емилија Трајковска, фотограф.

И самиот настан беше организиран за да го урне стереотипот за младите како неактивни чинители во општеството, со конкретна цел, да го надомести тоа што им недостига.

  • Недостатокот на простор за претставување пред сѐ на младинската култура , на младинската книжевност, на младинската уметност, беше една од првите причини и можеби главен мотив за започнување на овој настан, вели Медиќ- Лазаревски од „ Култура Бета“.

Медиќ- Лазаревски исто така смета дека етаблираните треба да ги прифатат младите автори, како релевантни и постоечки, за што е доказ одржаното шесто издание на мултимедијалниот настан „ Клинци“.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе