„Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на граѓаните, министерката Кочовска не се двоумеше да го покаже вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, па така се впушти во лични навреди, коментирајќи го приватниот живот на Петровска. Ова е крајно недолично, дискриминаторско и понижувачко однесување кое не смее да има место во политичкиот дискурс, а особено не во македонското Собрание“, реагира Спасовски.
Со оваа изјава, според него, „Кочовска уште еднаш го потврди лицемерното „демохристијанско” однесување на ВМРО-ДПМНЕ – секогаш прибегнување кон дискриминација и омаловажување на жените кога нема аргументи“.
„Зборовите на министерката претставуваат груб напад врз секоја жена во Македонија која се бори за свое место во општеството и политиката. Бараме министерката Кочовска веднаш јавно да се извини за овој недостоинствен чин. Истовремено, ја повикуваме целата јавност, сите граѓани и организации, да се спротивстават на ваквиот говор на омраза и да испратат јасна порака дека дискриминацијата и навредите врз жените нема да бидат толерирани!“, напиша Спасовски на Фејсбук.