Вести Македонија Топ вести

Филипче: Шокиран сум од навредите на Кочоска кон Петровска, ако ова е однесување на ВМРО-ДПМНЕ на почеток, може да замислиме што ќе следува

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на Фејсбук изрази шокираност од денешната навреда на министреката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска кон пратеничката Славјанка Петровска.

„Нејзината дрска и понижувачка изјава дека Петровска не може да знае колку троши едно четиричлено семејство, затоа што нема деца ме згрози. Наместо аргументи и дебата во Собранието, сведочиме на лични дискредитации што е добро познат начин на одбрана на ВМРО-ДПМНЕ“, напиша Филипче на Фејсбук.

Според него, секогаш кога владеачката ВМРО-ДПМНЕ е соочена со критика, нивниот одговор не е дебата, туку омаловажување.

„Жалам што Славјанка повторно е мета на напади. Не така одамна беше жртва на дискредитации и лаги од страна на пратеникот Ковачки. Често сме сведоци и на јавни исмевања и навреди од поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи, дури и на нејзиниот изглед. Тоа е нивната политичка култура – навреди, дискредитации и насилна реторика. Но, Славјанка е силна жена и врвен професионалец, човек кој секогаш се однесува со почит кон сите, за разлика од оние што ја напаѓаат“, истакна претседателот на социјалдемократите.

Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, продолжи Филипче, „сведочиме на пад на политичката култура и голема нетолеранција кон критиката.

„Ако ова е нивното однесување на самиот почеток, во првите моменти на нервоза, можеме само да замислиме што ќе следува. Барам сите граѓани кои веруваат во демократските вредности да го осудат овој срамен чин. Не смееме да дозволиме омаловажувањето и навредите да станат новата нормалност. Ова не е само напад врз Славјанка, ова е напад врз сите жени“, заврши Филипче.

Нов „напад“ од министерката Кочоска поради нејзиниот поглед врз конзерва грашок – со навреди се нафрли кон пратеничката Петровска, а поврзано со семеен статус

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе