Заврши истрагата за Онкологија, за измама во службата и злоупотреби, со биолошката терапија, потврдија од обвинителстото за Телма. Но пред да соопштат дали и против кого ќе поднесат обивнение треба одбаната да направи увид и евентуално да достави свои докази во рок од 15 дена.
Пред околу една година скопското обвинителството отвори истрага против двајцата поранешни директори, медицинскиот Нино Васев и економскиот директор, Нехат Нухи како и против уште 3 ца докотри онколози, осомничени за помагање.
ОЈО Скопје: Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка во предметот за злоупотреби на Клиниката за онкологија. Постапката е во фаза во која течат роковите предвидени во Законот за кривична постапка, по што јавноста ќе биде известена во однос на јавнообвинителската одлука и доказниот материјал.
Од обвинителството не одговрија дали пристигнало и вештачењето од Словенија каде на анализа беа пратени истории на 51 пациент.
Претходно во декември на брифинг со новинарите од обвинителството и дека го добиле вештачењето од Србија каде се налаизирале 16 истории на пацинети и потврдени се сомнежите за несоодветно лекување односно дека на некои пациенти не им била давана терапија иако била препишувана на нивно име. Докази за продажба на цитостатици во Косово не нашле.
Шефот на скопското обивнителство Гаврил Бубевски на почетокот на месецов во Топ тема кажа дека истрагата е при крај и се чека вештачењето од Словенија од каде поради обемната документација побарале дополнитлено време.
Рече дека случајот “ Онкологија” е најтешкиот предмет на кој работат затоа што многу судбини се во прашање.
Предметот за онкологија, обвинителството го отвори по новинарксите истражувања а во собрнаието беше формирана и анкетна комисија на која екс директорот Васев тврдеше дека набавувал на реверес затоа што не смее да се прекине терапија за пациентите но и дека немал информации дека лекови се препродаваат на црниот пазар освен за случајот што беше откриен.
Медицниска сестра во отсуство беше осудена на две години затвор за проневера на цитостатици од клиниката за онкологија.
Кога беше отворена истрагата на јануари лани од обвинителството излегоа со сума за имотна корист од речиси 30 милиони евра. Еден од апсектите на истрагата беше набавка на лекови на реверс и спротвино на закон а сомнеж отвориле и недоследности во дозирањето на терпијата
Елена Ивановска Мукоска