Вести Македонија Топ вести

Визер ја укинува линијата Скопје – Будимпешта

„Визер“ ја укинува авиолинијата Скопје-Будимпешта од 9 март 2025 година, a ова е седмата линија што компанијата ја повлекува во последнава година. Од јануари 2025, „Визер“ веќе престана да лета за Салцбург и Бремен, а ги укина и летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста.

Иако компанијата не соопшти зошто ја укинува оваа линија, не е познато ни дали ќе биде вратена со зимскиот ред на летање.

Меѓувреме, „Визер“ доби субвенции од Владата за нови летови до Лион, Барселона и Штутгарт, кои веќе се достапни за резервација. Министерството за транспорт објави нов јавен повик за субвенционирани авиолинии, со цел да се намали зависноста од една авиокомпанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити, Касами и Ибрахими во Владата на средба со Мицковски

Дејан Дејан

Поради нехуман третман на животните АХВ времено го затвори стационарот Лана во Струмица

Дејан Дејан

Георгиевска: Новинарите се заложници на политичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе