Вести Свет

Човекот кој го нападна Јапонскиот поранешен премиер Кишида осуден на 10 години

Јапонскиот суд осуди на 10 годишна затворска казна атентаторот на поранешниот премиер Фумио Кишида за време на предизборната кампања во 2023-та година.

Објавувајќи ја пресудата за Рјуџи Кимура, Окружниот суд Вакајама не прецизираше за кое од петте обвиненија е прогласен за виновен.

Кимура (25) беше обвинет за обид за убиство за нападот на Кишида на 15 април 2023 година на мало рибарско пристаниште во западниот Јапонски град Вакајама. Освен тоа, тој се соочува и со четири други обвиненија, вклучително и кршење на законите за експлозиви и друго оружје.

Кимура, на отворањето на судењето во февруари, се изјасни за невин за обидот за убиството, велејќи дека немал намера да го убие Кишида. Премиерот не бил повреден, но две лица се здобиле со полесни повреди.

Целиот настан се случило околу една година по атентатот на поранешниот премиер Шинзо Абе за време на предизборниот говор во Нара, друг град во западна Јапонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Ден на Европа 2025 – 75 години единство и солидарност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе