Вести Македонија Топ вести

Власта трага по аргументи да го разреши државниот јавен обвинител, фелата реагира – ваквите прашања се законски регулирани

Власта во потрага по аргументи да го разреши државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Стручната фела реагира – разрешување на обвинител не е прашање на моќ туку е законски регулирано.

Ова следува откако Владата пред неколку дена покрена постапка за разрешување на Коцевски и го задолжи Министерството за правда да ги започне неопходните активности. За власта, главна причина за смена на државниот обвинител е нарушената доверба во судството.

Поранешната Врховна судијка Вера Коцо, во вчерашната Топ Тема на Телма толкува дека во моментот, судбината на државниот обвинител е во рацете на Советот на јавните обвинители.

Имаше некои превирања, расправии помеѓу републичкиот јавен обвинител и вишиот јавен обвинител. И други некои слични случувања. Како што ќе бидат квалификувани тие случувања – не знам. Сега топката е кај Советот којшто треба да одлучи дали постои некаква причина и дали за дисциплинска повреда ќе му биде изречена некаква казна или што ќе следува, тоа не знаеме. Не сме слушнале дека е член на политичка партија, поранешната врховна судијка Вера Коцо.

Според правниците, законот дава можност и начин како еден државен обвинител треба да се разрешува и кои услови треба да бидат исполнети за таква акција.

Разрешувањето на државниот јавен обвинител не е некое прашање на определена волја на определени структури на моќ туку пред сѐ е прашање коешто е строго законски регулирано. Меѓутоа, ние како јавност – и стручна и лаичка јавност, имаме еден мал проблем што работите ги набљудуваме изолирани од контекст. Тие појави надвор од контекстот немаат никаква смисла и се тотално неразбирливи, вели адвокатот Златко Јакимовски.  

Пратеникот од мнозинството, Милошоски, денеска на социјалните мрежи обвини дека спогодбата со Наќе Георгиев и Иџет Мемети е аргумент плус за разрешување на Љупчо Коцевски. Во Фејсбук-статусот, тој тврди дека Коцевски е вмешан во случаите за корупција на поранешниот судија во Врховен, Георгиев, како и членот и потпретседател на Советот на јавни обвинители, Мемети.

Од Обвинителството реагираа дека тврдењата на пратеникот се невистинити, и дека јавниот обвинител ниту во наведениот предмет, ниту во било кој друг предмет не бил во ситуација на судир на интерес.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе