Пред извесно време го известиле дека заминуваат од земјава. Премиерот Мицкоски бил запознаен со проблемите на странските компании кои главно се настанати поради кризата во Германија каде инвеститорите извезуваат. Но, повеќе бил загрижен за оние инвеститори со кои се преговара да дојдат тука дали ќе најдат луѓе за работа. Не прецизираше дали државата има план за автомобилскиот сектор кој е на удар од кризата и во кој работат илјадници работници.
-Таа компанија за која што вие кажавте не информираше пред неколку недели. Оваа година тие ќе работат тековно, нормално. Преговараме со дел од инвестититорите кои што се заинтересирани да инвестираат и многу брзо од денес ќе се надмине овој процес, така што јас повеќе сум загрижен дали ќе имаме догволно работна сила за сите оние инвесиции кои што се во процес на инвестирање“, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Од ТИРЗ пак се уште не добиле ништо официјално од компаниите.
Странската компанија АПТИВ во која работат околу 500 лица го затвора погонот во Бунарџик. Во дописот до Телма објаснуваат дека производството од земјава го селат во погоните во Португалија и Полска, поради оптимизирање на производствените капацитети согласно случувањата на глобалните пазари. Но, ќе ги обештетат и работниците.
Британската Џонсон Мети пак која долги години работи во земјава исто така во одговор до Телма објаснуваат дека поради глобалните случувања ќе кратат работни места.
Универзитетскиот професор Ванчо Узунов во вчерашната Топ Тема рече дека ова е само почетокот на она што не треба да се случи во автомобилската индустрија и е загрижен за она што следува.
Она што мене ме плаши повеќе, уште повеќе од оваа како да не е доволно лошо што мислам дека работите може лесно и на други сектори а не само на автомобилска индустрија и не само на странски директни инвестиции во зоните, туку и на други фирми што не се во зоните странски и на домашни кои се извозници во држави членки на ЕУ, изјави универзитетскиот професор Ванчо Узунов.
Од Советот за странски инвестиции неколку пати предупредија дека кризата во Германија се продлабочува и дека ќе влијае на компаниите кои работата тука. Според анализите некои инвеститори тука поради намалениот обем на работа ги укинале смените за викенд.
Компаниите од автомобилскиот сектор во и надвор од зоните имаат големо учество во креирањето на бруто домашниот производ но и во извозот кај кој според последните податоци на статистиката има пад од 5, 9 отсто. Британски Џонсон Мети пак важи за еден од најголемите извозници од земјава.
Ирена Чачкова