Вести Македонија

Обвинителството бара притвор за жената која удри пешак и побегна

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против една осомничена за кривично дело – Загрозување на безбедноста на сообраќајот од член 297 став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик.

42-годишна скопјанка на 31 јануари управувала со автомобил “Цитроен Ц1” со скопски ознаки по булеварот “Кузман Јосифовски – Питу”. Кога дошла до крстосницата со улицата “Бојмија” и пешачки премин, не ја прилагодила брзината доволно за да може да го запре возилото, да ги пропушти и да не ги загрози пешаците кои веќе поминувале на пешачкиот премин. Затоа со автомобилот осомничената удрила во телото на 38-годишен пешак, кој од ударот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Клиничкиот центар каде му била укажана помош, па бил пуштен на домашно лекување. Осомничената, по несреќата, веднаш го напуштила местото без да му укаже помош на повредениот што исто така е кривично дело кое и се става на товар.

Имајќи ги предвид сите околности, а пред се фактот што осомничената практично побегнала од местото на извршување на делото без да помогне на жртвата и подоцна не се пријавила сама, јавниот обвинител оцени дека е потврдена опасноста таа да се обидува да ја избегне постапката и кривичната одговорност, па на Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерка притвор за нејзино обезбедување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кандидатот на крајната десница Џорџ Симион води во првиот круг од претседателските избори во Романија

Дејан Дејан

Нетанјаху најави одмазда на Хутитe откако тие испалија ракета кон израелскиот аеродром

Дејан Дејан

Отсечен прст на киднапиран маж од напаѓачи кои барале неговиот син крипто-милионер да плати откуп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе