Велика Британија денеска одбележува пет години од Брегзит. Речиси тројца Британци од 10 сметаат дека процесот беше исправен и добар, а најголем дел од нив сакаат земјата да се врати во Европската Унија, покажува новото истражување на јавното мислење.
Над половина, поточно 52 отсто од Британците гласаа „за“ Брегзит на референдумот во 2016 година. На 31 јануари во 2020 година, Велика Британија стана првата земја која излезе од ЕУ.
Пет години подоцна само 30 отсто од Британците сметаат дека земјата сторила добра работа со излегувањето од ЕУ, што е најмала поддршка за Брегзит досега. Меѓу Британците кои гласаа „за“ Брегзит, 18 отсто сега сметаат дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ било грешка.
55 отсто од Британците сега поддржуваат враќање во ЕУ, меѓу нив и 20 отсто од оние кои гласаа за „развод“ со Брисел… 39 отсто од нив „силно“ го поддржува тоа.
Британскиот премиер Кир Стармер вети дека повторно ќе ги придвижи односите со ЕУ, но е против враќање и полноправно членство на земјата во блокот.