Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека изненадувачкиот успех на кинеската апликација за вештачка интелигенција ДипСик на американскиот пазар треба да послужи како „повик за будење“ за американските компании.
Тој истакна дека американските индустрии треба да се фокусираат на развојот на вештачка интелигенција за да се натпреваруваат со Кина.
Популарноста на ДипСик доведе до пад на акциите на водечките американски технолошки компании како Нвидиа и Мајкрософт, додека истовремено го покрена прашањето за иднината на американските модели за вештачка интелигенција.
Трамп го истакна ова како поттик за иновации и изнаоѓање поевтини решенија во САД.