Откако најави деќа ќе се врати Груби веќе не се огласи во јавноста, но побарал укинување на притворот. Неговиот адвокат поднел жалба, потврдија од Кривчен, од каде најавуваат одлука следните денови.
Жалба сѐ уште нема од екс директорот на Државна Лотарија Бајрами. Неговиот адвокат Антониот Апостолски за Телма вели дека побарал увид во предметот а ќе бара и укинување на мерката притвор затоа што тој не е избеган, туку живее и работи речиси половина година во друга држава. Каде, не открива.
Со оглед на тоа што има меѓународна потерница македонските власти во исчекување дали, и каде, ќе бидат приведни двајцата главни осомничени во предметот со проневерата во Лотарија. На прашањето на Телма дали ги контактирале колегите, од МВР одговорија:
Македонското МВР е во интензивна комуникација со косовското МВР како за секоја тема од заедники интерес така и за овој случај.
Ако биде приведен Груби, земјава ќе почне постапка за екстрадиција. Но, според поранешниот национален координатор за гранично управување Пивоваров од досегашното искуство посочува две можни пречки да биде испорачан. Едната е да има двојно државјанство, покрај македонско и на земјата во која ке биде фатен, како Даравелски, а второто да добие азил, како со Груевски. Пивоваров ја коментираше информацијата дека Груби ја преминал границата и покрај тоа што бил на т.н. стоп-листа.
Полицецот кој го пропуштил Груби и го завел како пешак е суспендиран .Утре МВР ќе поднесе и криивчна пријава до обвнителството против него најави министерот Тошковски. Според кого имаат видео заспис на кој се гледа како постапувал полицаецот. Според МВР кога Груби ја минувал границата во автомобил со почесен конзул и мобилните камери не работеле затоа што им биле празни батериите.
Елена Ивановска Мукоска