Вести Македонија Најважни

Тотален хаос во Скопје: Попладнево сите автобуски линиии престанаа да сообраќаат

Ниски температури патниците мрзнат. Попладнево сите автобуски линиии престанаа да сообраќаат. ЈСП снема нафта, само оние 25 на гас продолжија да возат, а другите едвај стасаа во гаражите со последните капки гориво. Оние кои возеа немаа место да ги соберат сите патници.

Студентите први се огласија и бараат нормализирање на јавниот превоз, а поставија ултиматум на градоначалничката Арсовска до крајот на утрешниот ден да се среди јавниот превоз, а во спротивно тие ќе се приклучат на масовниот протест најавен за во петок во Шуто Оризари. Освен тоа ги истакнаа и нивните други барања и и предложија на Арсовска доколку не може да ја исполни програмата да си поднесе оставка.

  • „По сите прозивки до град Скопје тие испратија само соопштение во кое прстот за проблемот го вперија во Мицкоски. Тие тврдат дека кадарот на ВМРО-ДПМНЕ ја поништил редовната јавна набавка за гориво во ЈСП. Директорот на ЈСП пак не сакаше да коментира само кусо за Телма рече дека тоа е реалноста. Телма се обрати и до добавувачот Пуцко Петрол кој ни кажа дека престанал со испорака на гориво бидејќи договорот со ЈСП истекол пред шест дена и тие веќе немаат потреба да ги снабдуваат со нафта. А, ЈСП им должи близу 10 милиони евра.  Проблемот со ЈСП не е нов, граѓаните со месеци се жалат од јавниот превоз, каде што автобусите или доцнат или ги нема воопшто“ Од Независниот синдикат на ЈСП бараат од градоначалничката повеќе да се ангажира за граќаните затоа што од нив ја добила функцијата.

Тамара Марковска ја пренесува ситуацијата во живо: 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе