Груба партизација на безбедносниот сектор и назначување на партиски припадник на директорското место во АНБ поради што премиерот мора да го разреши Бојан Христовски од таа позиција, побара опозицискиот лидер Венко Филипче во своето пратеничко прашање до премиерот.
Му покажа документи за кои тврди дека покажуваат како Христовски не го исполнува најважниот критериум за да раководи со тајната служба, стажот на раководна безбедносна позиција со соодветно образование за директор.
-Докази дека станува збор за незаконско поставување на директор на Агенцијата за национална безбедност. Ова се документи доставени од нас од свиркачи. Изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување. Со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување, а тоа е 5 години стаж на раководни позиции, согласно законските услови. Ни тој услов не го исполнува вашиот партиски кадар, рече претседателот на СДСМ, пратеникот Венко Филипче.
Премиерот со контра обвинувања, смета дека не треба да се чепка националната безбедност туку да се испита што работеле. Порача дека не е битен стажот и документите на Филипче кои лидерот на СДСМ го носеле во „длабокото“ туку она што се крие.
Откако судот објави дека две директорки признал фалсификѕвање на ТОЕФЛ сертификат во бугарското школо Јулија, Филипче оцени дека не може човек со кривично дело да ја води тајната служба, но Мицкоски возврати со куп документи со кои тврдеше дека многумина имале такви сомнителни сертификати за англиски јазик каков што има новиот директор на АНБ Бојан Христовски. Имало и во опозицијата меѓу тамошните сега веќе разрешени директори.
-Значи за да стане директор свесно употребил фалсификуван документ и со тоа направил кривично дело. Замислете, човек кој прави кривично дел, кој не исполнува услови треба да ја води безбедноста во државата
-Ќе ви дадам сличен сертификат од личноста која седи до вас. Знаете колку има такви сертификати?, рече Мицкоски додека некои од пратениците се восхитуваа гласно од одбраната на спорниот сертификат на директорот на АНБ.
-Немојте на тоа да правите политика, има институции во државава кои треба да водат сметка, овие сертификати ќе ги дадам на министерот за внатрешни работи, му одговори Мицкоски на пратеничкото прашање.
-Затоа се дигаа дронови над мојата куќа, кога сум одел и на терен во Прилеп и тоа е се во белешките на службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат. Го разузнавале претседателот на опозицијата со дронови оперативни и оперативно технички средства. Нормално е тоа?, прашуваше Мицкоски, гостинот во Собранието дојден за да одговори на прашањата на оние што го бираат.
Досега нема никакви активности за свикување на надзорна комисија во Собранието на која би бил повикан и новиот директор на АНБ за да ја расветли својата биографија затоа што претседателот на таа собраниска комисија Скендер Зејд Реџепи се уште нема безбедносен сертификат.
Миомир Серафиновиќ