Од ноќеска во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките од часовникот ќе се вратат еден час назад односно од 3 се враќа времето на 2 часот.
Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.
Сезонското менување на времето, освен во Европа, се користи во САД, Канада, во повеќето земји на Централна Америка, како и во други држави во светот.
Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, како ни во земјите од африканскиот континент.
Причина за воведување на зимското сметање на времето е максимално да се искористи дневната светлина во зимските месеци кога денот е најкраток.