Вести Македонија

Трипуновски: Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење, нашата интенција беше само да помогнеме

Обврска на локалната самоуправа е да обезбеди питка вода за пиење за граѓаните. Нашата интенција беше да помогнеме затоа што видовме дека локалната самоуправа не успеа да го изменаџира процесот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по вчерашното излегување на Струмица од ЗЕЛС поради, како што наведоа од Општината, индиферентниот однос кон градот и нејзините граѓани во периодот кога се соочуваат со еден од најголемите предизвици – водата за пиење и поради одбивањето на единствениот проект од Струмица за користење на средства од унгарскиот кредит.

Трипуновски вели дека во целата ситуација нема никаква политика од страна на Владата и дека единствената интенција на Министерството била да и се помогне на општината за надминување на проблемот со водата за пиење.

Согласно законите, обврска на локалната самоуправа е водата што ја добива во филтер станицата да ја доведе во фаза на питкост за да ја дистрибуира до граѓаните и тука не сакам да вметнувам политика. Нашата интенција беше да се ставиме на располагање бидејќи гледавме дека локалната самоуправа слабо го менаџираше тој процес и тоа беше практично целата наша активност. Тоа што градоначалникот на Струмица и сите претходни градоначалници не инвестирале доволно во филтер станицата говори за нивното работење во минатото. Не е одговорноста на Владата, одговорноста е на локалната самоуправа, рече Трипуновски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната дебата во Владата посветена на земјоделството, локалната самоуправа и животната средина.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински го повтори ставот дека нема политика во распределбата на средствата од унгарскиот кредит и дека градоначалникот на Струмица аплицирал со проект кој веќе е тендериран и за кој се почнати градежните работи. Перински го повтори и ставот дека апелира на разумност кај градоначалниците на Струмица и Карпош кои најавија излегување од ЗЕЛС.

Општина Струмица вчера официјално соопшти дека излегува од ЗЕЛС, а градоначалникот на Карпош најави таква можност. За денеска е закажана нова прес-конференција на градоначалникот на Карпош.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Мицкоски: Незадоволни сме од Коцевски, логичен след на настаните е негова смена

Дејан Дејан

Општина Аеродром ги ослободува од комуналии сите млади до 35 години кои имаат план да го градат својот прв дом

Дејан Дејан

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе