Реакции, обвинувања и контра обвинувања по најавата на Струмица и Карпош за напуштање на ЗЕЛС. Министерот за локална самоуправа ги повика градоначалниците на разум, а нарушувањето на заедницата им штети и на останатите општини. Перински ги информираше градоначалниците дека ЗЕЛС е единствената асоцијација на единиците на локалната самоуправа што ги застапува интересите на општините пред Владата.
Градоначалникот на Карпош и порача на Владата да го сфатат сериозно излегувањето од ЗЕЛС, а заедницата ја нарече партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој нема никаква врска со идеите и развојот на локалната самоуправа.
И Градот Скопје со обвинувања за претседателот на ЗЕЛС, Орце Георгиевски. Му порача посериозно да се посвети на својата работа, а помалку да се грижи за работата на другите градоначалници.
„Ова лице како претседател на ЗЕЛС целосно ја киднапираше и политизираше институцијата, поради што за прв пат по 50 години постоење градоначалници ја напуштаат оваа сега партизирана организација“, велат од Град Скопје.
Избегнувам да ја коментирам Арсовска бидејќи сметам дека е завршена пријазна за Скопје и скопјани. Го видовме нејзиниот потенцијал и она што го направи во Скопје, вели Орце Георгиевски за нападати од страна на градот.
„Јас повеќе сум фокусиран на барање решенија и алтернативи за година дена од сега и начини како би го решавале транспортот во градот, хигиената, какви проекти му недостасуваат на Скопје и што ќе треба да преземеме во тој дел, така да повеќе сум фокусиран на тоа прашање на перспективите и иднината на главниот град, отколку политиканството на Арсовска“, вели Орце Георгиевски претседател на ЗЕЛС.
Ова следува откако вчера општините Струмица и Карпош најавија напуштање на ЗЕЛС. Обвинија за партизација на заедницата, работа по директиви, но и дека првите луѓе на ЗЕЛС молчат за сите притисоци приредени од министри во Владата.
Симона Петровска
