Вести Македонија

Каде заглави одговорноста за починатото 14-месечно бебе?

Не сум за бркање од работното место, но одговорност за смртта на 14-месечното бебе мора да има – категоричен е министерот за здравство Таравари. Тој досега не разговарал со директорката на болницата „Козле“ од која очекува да преземе мерки за лекарите кои го лекувале бебето. Но, тврди дека препораки за мерки веќе се испратени до Лекарската комора. Според Таравари за професионален превид не треба да има казни.

„Не сум се слушнал со директорката на болницата во „Козле“, но ние како министерство веќе пуштивме до Лекарската комора препораки за одредени мерки коишто треба да се преземат. Нашата цел е да воочиме дека превид може да направи секој доктор, како што и тука е направен професионален превид. Јас не сум за казнување или за отстранување од работа, меѓутоа одредени мерки мора да се преземат“ изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Од Лекарската комора засега не ги откриваат следните чекори. Нивен тим ќе ги анализира насоките од Министерството за здравство.

„Лекарската комора денес од Министерство за здравство доби насоки за постапување во врска со Извештајот од извршен стручен надзор на Клиниката за детски болести Скопје и Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле, во врска со лекувањето и третманот на починатото дете Р.С. Насоките е потребно да бидат разгледани од соодветните органи и тела на Комората, по што ќе биде одлучено што ќе се преземе“, соопштија од Лекарска комора.

14-месечно бебе почина на 5-ти октомври на Клиниката за детски болести откако неговите родители со денови барале помош од една во друга клиника. Комисијата на Министерството за здравство утврди дека во Клиниката за детски болести направен е превид во процена за потреба од хоспитализација, а во болницата „Козле“ имало неадекватна процена за респираторните тешкотии.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Мицкоски: Незадоволни сме од Коцевски, логичен след на настаните е негова смена

Дејан Дејан

Општина Аеродром ги ослободува од комуналии сите млади до 35 години кои имаат план да го градат својот прв дом

Дејан Дејан

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе