Во Основниот суд во Струга денеска ќе бидат одложени две рочиште во кои му се суди на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, за незаконско назначување на директори во три струшки училишта. Двајца од сведоците, меѓу кои е и поранешниот министер за образование, Јетон Шакири, се надвор од државата, поради што не се во можност да сведочат пред судот.
Против градоначалникот на Струга досега се подигнати осум обвиненија. Во две одвоени постапки против Мерко во Основниот суд во Струга се водат судски процеси за незаконско назначуваее на директори во основното училишта во Велешта, во Лабуниште, во Подгорци и училиште во Струга, а на почетокот на октомври е подигнато и обвинение за истото кривично дело и за училиштето во Радолишта.
Исто така, во тек е процесот против струшкиот градоначалник за незаконска набавка на службеното луксузно возило ауди А6 од 67 илјади евра во време кога Општината имала блокирана сметка, а Мерко е еден од обвинетите во случајот за бесправно градење на објект кај хотел Дрим.
Стејт департментот лани го стави на црната листа на САД поради вмешаност во корупција и влијание во судски процеси, а веднаш потоа Обвинителство почна со поднесување на серија обвиненија.