Вести Економија Топ вести

Скапата берзанска струја проблем за дневната евтина тарифа

Високите цени на струјата во регионов проблем и за дневната евтина тарифа. Анализите на регулаторна се готови и тие покажуваат дека има простор домаќинствата да добијат уште еден час плус дневна евтина струја. Но, прашањето се проблематизира откако периодов сериозни се зголемија цените на електричната енергија во Југоисточна Европа во однос на оние во другите држави во ЕУ.  Поради тоа регулаторите за ова ќе се консултираат и со енергетските компании, па потоа ќе се одлучи дали дневната евтина тарифа наместо до 15 ќе биде до 16 часот.

Резултатите покажуваат дека постои простор за зголемување на опсегот на истата, но има дополнително оптеретување поради високите цени на струја во регионот за што и Енергетската зедница беше известена и ја потврди состојбата. РКЕ сега ќе влезе во широка консултативна фаза со енергетските компании за да се направи детален скенирање на енергетската слика, пишува во дописот од РКЕ.

Од ЕВН за Телма велат дека допрва ќе се разгледуваат анализите и ако се донесе одлука за зголемување на периодот во кои домаќинствата ќе можат да користат дневна евтина струја повторно на стручните екипи од компанијата ќе им треба време да ги сетираа оние броила кои не се дигитални.

Граѓаните во моментов дневна евтина струја користат во периодот од 13 до 15 часот.

Инаку, веќе неколку месеци ако во земјите во регионов цените на електричната енергија достигнуваат и до 150 евра за мегават час, во другите држави од ЕУ како Франција мегават чини околу 60 евра. За ова  надлежните институции регулаторна и министерството за енергетика испратија писмо до ЕЕЗ. Бараа да се  утврдат причините за ваквата состојба. Но, одговор од таму се уште не добиле.

Министрите за енергетика на Грција, Бугарија и Романија пак нагласија дека ваквите цени се сериозен притисок врз економиите на земјите од Југоисточна Европа и бараат од Европската комисија да го оданочи вишокот на профит на производителите и трговците на струја , а парите од оданочувањето да се искористат за стабилизација на пазарот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Русија направи голема отстапка што не ја зазеде цела Украина

Дејан Дејан

Бугарија сè уште не ѝ одговорила на Македонија на барањето за средба

Дејан Дејан

Филипче негира дека има златна виза за Дубаи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе