Вести Македонија Топ вести

Македонија во Брисел ќе разговара за уставни измени со одложено дејство, но формален предлог нема да даде

Македонија го кажала предлогот за уставни измени со одложено дејство на европските партнери, а она што останува да се направи е да се најде начинот како тоа да се реализира. Сепак формализиран предлог од Македонија до Брисел, во форма на документ за одложена примена уставните измени нема да има.

Ова денеска го брифираат извори од министерството за надворешни работи (МНР) во пресрет на посетата на премиерот, Христијан Мицкоски и шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски на Брисел, на 18 и 19 септември, кога повторно со европските партнери ќе се разговара за уставните измени и правното толкување на заклучоците на Европскиот совет во кои се наведува дека Македонија нема да продллжи во втората фаза од преговорите за членство без уставни измени за впушување на Бугарите во него.

Според македонските, дипломатски извори заклучоците на Европскиот совет не мора да се менуваат од правна точка. Притоа според нив, доколку нешто се сака може да се спроведе, вклучително и надминување на евентуалното противење на Бугарија, посочувајќи го примерот на Унгарија, кога без нејзина согласност беше усвоена финансиската помош за Украина, односно кога унгарскиот премиер го напушти состанокот на Советот и „замина на кафе“ додека преостанатите 26 европски лидери ја изгласаа помошта.

За тоа дали ќе има билатерални преговори со Бугарија по ова прашање, изворите од МНР брифираат дека тоа може да се случи со политичка влада во Софија, но тоа нема да се случи додека Бугарија е раководена од техничка влада.

Македонските официјални претставници инаку ваквото барање на земјава, односно согласност на ЕУ за одложено дејство на уставните измени, веќе го нарекоа „Француски предлог плус“, што сепак наведува дека некаква форма на нов документ од ЕУ би бил очекуван.  Од МНР брифираат дека за т.н. француски предлог плус веќе се разговара со европските партнери, но оти досега предлогот ниту е прифатен, ниту е отфрлен од нив.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Русија направи голема отстапка што не ја зазеде цела Украина

Дејан Дејан

Бугарија сè уште не ѝ одговорила на Македонија на барањето за средба

Дејан Дејан

Филипче негира дека има златна виза за Дубаи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе