Вести Македонија Топ вести

ЈСП вози со 150 автобуси помалку од потребното, советници од ВМРО-ДПМНЕ не дадоа зелено светло за набавка на нови еколошки автобуси

ЈСП има само 200 активни автобуси, а возниот ред не е променет од 2012 година кога возеле 350 автобуси. За овој проблем денес алармираше директорот на ЈСП на седница на советот на Град Скопје. Тој предупреди дека кога ќе почне зимскиот возен ред и ќе треба да се зголеми бројот на автобуси ќе настане многу поголем проблем. Сподели и дека сервисите се одвиваат отежнато бидејќи деловите доаѓаат од Кина, а претпријатието има долг кон нив. Директорот Кушовски кажа дека 27 автобуси немаат клима и побара помош од советниците на Град Скопје.

Но, мнозинството советници од ВМРО-ДПМНЕ останаа глуви на предлог одлуката за набавка на нови еколошки автобуси, која беше ставена на дневен ред. За оваа одлука беа потребни гласови од 23 советници, а доби само 17. Не е прв пат набавката на нови автобуси да не се изгласа во советот. А додека не се решаваат овие проблеми, граѓаните се оние кои го извлекуваат подебелиот крај.

  • „Безбедно можеби се чувствувам, но автобуси нема, еве чекам половина час“.
  • „Не чувствувам страв после сообраќајката кај Мавровка, тоа е случајност. Добри се и останатите услови има клима и хигиена, само ние луѓето сме виновни фрламе ѓубре“.
  • „Тешко дека се чувствувам безбедно. Во државните можеби има клима, но во приватните нема. Освен тоа не ни доаѓаат така како што ги пишува на распоредот“, велат граѓаните.

Обвинителството ја истражува сообраќајката која се случи на 8-ми јули кога автобус на ЈСП удри во бетонска жардиниера кај Мавровка.

Минатиот понеделник возачот на двокатниот автобус изгубил контрола врз возилото, отишол лево и удрил во бетонска жардинериа. Од обвинителството денес соопштија дека ќе се извршат разговори со лица кои биле сведоци на настанот и ќе се испитува исправноста и одржувањето на автобусот.

  • „Ангажирано е вешто лице од областа на машинството и издадена е наредба за преземање мерки до МВР – Биро за јавна безбедност да обезбеди податоци и документација од ЈСП Скопје во однос на одржувањето, сервисирањето и исправноста на автобусот, како и организацијата на работниот процес“ – Јавно обвинителство.

При сообраќајката со повреди се здоби возачот и двајца патници.

Возиме дефектни возила, без сервиси, клими, нафта – шоферот кој се качи на жардињера кај „Мавровка“ низ солзи за инцидентот

По настанот возачот на автобусот, Февзи Арифи низ солзи раскажа дека се возат неисправни автобуси. А, тогаш директорот Кушовски имаше  спротивставен став. Тврдеше дека сите возила кои сообраќаат се исправни, но сега на површина ги изнесе сите проблеми со кои се соочува ЈСП.

Тамара Марковска

За хаосот во ЈСП виновни се единствено ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, велат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е единствено виновна за хаосот кој се случува во јавниот превоз во Скопје. Заради своите теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ со години не набавува нови автобуси.

Откако им пропаднаа зделките со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ ги малтретираат скопјани и го запустуваат јавното претпријатие. По принципот или ние или никој, ВМРО-ДПМНЕ го блокира градот, а состојбата со која сами си ги блокираат проектите кои ги ветиле, како набавка на нови автобуси е трагикомична.

Откако Коце Трајановски го направи историски најлошиот потег со набавка на кинеските автобуси кои се распаѓаат по улиците, сега имаме локална власт која е решена по секоја цена да го уништи претпријатието на кое му фалат до 50 автобуси нормално да функционира.

Секојдневно сме сведоци на немили настани од преполни автобуси и луѓе кои колабираат од горештините додека ги чекаат автобусите кои доцнат и се преполни.

За потсетување, локалната власт на СДСМ набави германски автобуси од марката МАН кои ден денес се симбол за квалитет во градскиот превоз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе