Вработените и надлежните со спротиставени мислења за исправноста на црвените автобуси. Се возат дефектни возила, без сервиси, клими и нафта, а неисправноста доведува до инциденти, вели возачот Февзи Арифи, кој вчера излета од коловозот и се качи на жардинерата кај ТЦ „Мавровка“.
„Службите на хартија пишуваат дека возилата се исправни, но кога ќе излеземе на терен ситуацијата не е таква“, вели Арифи.
Директорот на ЈСП контра тврдењата на Арифи. Вели дека неговите сознанија за една недела раководење на ова претпријатие се дека сите автобуси кои што се пуштени на линија се исправни.
Граѓаните алармираа на секојдневни маки со автобусите, синдикатите тврдат дека проблемите на возачите секојдневно се редат.
Главниот град се соочува и со редуциран превоз на приватните превозници. Поради како што тврдат неисплатени средства од страна на ЈСП, возат само до 10 часот изутрина. За овој проблем директорот најави средба.
Симона Петровска