Вести Македонија Најважни

Евроинтеграциите како дел од владината програма

Изборните ветувања и нивната застапеност или незастапеност во владината програма ги спротивставија пратениците од власта и од опозицијата.

СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ги заборавила своите популистички завети, со кои го манипулирала народот пред гласањето: „никогаш северна“ и „нема уставни промени под бугарски диктат“. Власта смета дека СДСМ, како партија која го смени името на државата, иако се колнеше во спротивното, воопшто не треба да говори на оваа тема.

По прашањето кој е горд и на што, Весна Бендевска го праша пратеникот со повеќегодишен стаж Горан Мисовски – кога бил најгорд: кога гласал за промена на името, за францускиот предлог или за измените на Кривичниот законик.

Мисовски ја потсети дека со 16 пораки токму од него барала поддршка за членство во Комисијата за заштита од дискриминација. Но, и на заедничките опозициски години и посебно на 2012-та кога беа исфрлени од собраниската сала по наредба на ВМРО-ДПМНЕ. Од сегашната власт побара да го одбере вистинскиот пат за државата – европскиот.

Пратениците од власта  ја обвинија опозицијата дека заложбите за ЕУ им биле само декларативни и најавија евроинтеграции како еден од главните столбови на владината програма за наредните четири години.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе