Вести Свет Топ вести

Политико: Европските лидери без договор за втор мандат на Фон дер Лајен на чело на Европската комисија

Лидерите на Европската Унија (ЕУ), синоќа на вечера во Брисел, не успеаја да се согласат за втор мандат на Урсула фон дер Лајен на чело на Европската комисија (ЕК) и покрај уверувањата на францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц дека се блиску до договор.

Според Политико, кој се повикува на тројца неименувани дипломати на ЕУ, разговорите ќе продолжат, најверојатно, на наредниот состанок на 27 и 28 јуни. Тие во изминатиот период ја нагласија потребата за континуитет, имајќи ја предвид војната во Украина и потенцијалното враќање на власт на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп.

Веднаш по неодамнешните европски избори, се појави ран консензус за Германката Урсула фон дер Лајен за втор мандат како претседателка на Европската комисија, за Португалецот Антонио Кошта како претседател на Европскиот совет, за Малтежанката Роберта Мецола како шефица на Европскиот парламент и за Естонката Каја Калас како шефица на европската дипломатија.

Очекувањата беа големи во пресрет на состанокот во Брисел, со надеж дека четирите главни позиции во блокот ќе бидат поделени меѓу коалицијата на Европската народна партија на десниот центар, социјалистите и либералите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе