Вести Свет Топ вести

Мишел: Лидерите на ЕУ не постигнаа договор околу носителите на високите функции

Шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ на вечерашната неформална средба во Брисел не успеаја да постигнат договор околу изборот на највисоките функционери во Унијата, информираше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Тој истакна дека политичките партии на средбата ги изнеле своите предлози за кандидатите за водечките позиции во ЕУ и врз основа на нив ќе се работи на постигнување договор.

Во игра се три имиња, како Урсула фон дер Лајен, која се надева на реизбор за шеф на Европската комисија, поранешниот португалски премиер Антонио Коста, кој претендира за претседател на Европскиот совет и естонската премиерка Каја Калас која треба да биде нов шеф на европската дипломатија.

Според Мишел, во целиот процес на носењето на оваа одлука е важна транспарентноста и во нејзиното усвојување да бидат вклучени сите 27 земји членки на ЕУ.

Изрази надеж дека лидерите на земјите членки на ЕУ сепак до крајот на јуни ќе постигнат договор околу имињата на носителите на водечките позиции во блокот.

На дневниот ред на Самитот на ЕУ следната недела ќе се најде и Стратешката агенда, која, како што рече, ќе ги дефинира насоките на Унијата во следниот период.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе