Вести Македонија Топ вести

Summer job како испомош во Бон- како МНР ја испрати поранешната ТВ водителка Бесмира Ејупи во дипломатска мисија

Американците го викаат Summer job и е во летни одмoралишта, од МНР го викаат испомош и е во градови каде има амбасади и конзулати. Нова летна дипломатска дестинација за најпознатата вработена во МНР ќе биде Бон, поранешниот главен град на Германија.

Многу прашина се крена поради новиот дипломатски ангажман на Бесмира Ејупи во Бон, која е избрана наредните неколку месеци да работи во конзулатот во Бон. Од МНР ни одговорија дека поради летните одмори, Ејупи е испратена на испомош во Германија.

Истото преку вибер пораки ни го потврди и министерот Бујар Османи кој има уште неколку денови од мандатот и тврди дека има лажни вести во информациите дека тој ја праќа на мисија Ејупи, пред истекот на нековиот мандат.

„Во текот на летните месеци во конзуларните претставништва со најголем обем на работа се праќаат вработени од МНР за неколку месеци за да им помогнат во издавање патни листови. Бон е најоптоварено конзуларно одделение и остануваат по неколку месеци додека трае гужвата и вообичаено се враќаат во септември. Станува збор за нормални административни работи на МНР. Така да веста е лажна“, ни одговори министерот Бујар Османи, по вибер пораки. 

Бесмира Ејупи како и сите вработени во МНР веќе има дипломатски пасош, но кога се испраќаат на мисии, дипломатите од Македонија мора да добијат нов дипломатски пасош со посочено на конкретен град и држава каде се на мисија.

Од друга страна министерот Османи тврди дека ниту потпишал за нов дипломатски пасош и дека дипломатските пасоши се во овластувања на раководителот и директниот надреден на службениците во МНР. Дипломатските пасоши се прават и печатат во самото МНР. Името на Бесмира Ејупи првпат јавноста ја брануваше пред две години кога се дозна дека таа на затворена седница на влада по предлог на министерот Османи е предложена за генерален конзул во Њујорк, САД.

По јавните реакции, одлуката беше повлечена, но Османи ја презеде Ејупи во МНР, бидејќи беше вработена во Министерството за политички систем раководено од Артан Груби, а кариерата во администрацијата ја почна од општина Петровец каде ја вработи градоначалникот Борче Митевски, но таа замина во дипломатијата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК: Романија не е подготвена да го прифати еврото

Дејан Дејан

Во Германија четвртина од вработените сè уште работат од дома

Дејан Дејан

Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе