Вести Свет

Словенечката војска ќе користи електрични мотоцикли од словенечко производство

Вооружените сили на Словенија наскоро ќе почнат да користат  воени електрични мотоцикли развиени од словенечката компанија STRIX eMotors.

Ќе бидат користени  главно за специјални извидувачки мисии.

Жељко Крал, шеф на директоратот за логистика на Министерството за одбрана, рече дека владата инвестира многу во национални развојни проекти за да им помогне на словенечките компании да развијат различни производи со двојна употреба.

Strix iMotors беше избран минатата година со јавен тендер за развој на цврст ендуро електричен мотоцикл прилагоден на потребите на војската.

Директорот на компанијата Сашо Емин рече дека мотоциклот има погонски систем што овозможува тивко работење.

-Може да помине 100 километри со едно полнење.

На мотоциклот може да се монтираат различни видови оружје и муниција, а специјалните инфрацрвени светла обезбедуваат добра видливост во текот на ноќта.

Министерството планира да го прикаже мотоциклот, кој веќе го привлече интересот на норвешките и холандските вооружени сили, на претстојната меѓународна одбранбена изложба Евросатори во Париз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонски државјанин уапсен во Австрија поради дрога во вредност од 700.000 евра

Дејан Дејан

ЕК: Бугарија се уште не ги исполнува условите за влез во еврозоната

Дејан Дејан

Според Мицковски пораките на Радев наликлуваат на оние од среден век

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе