Вести Свет Топ вести

Израел најави прекин на огнот во дел од Газа

Израелската армија соопшти дека воведува привремен прекин на огнот, кој ќе важи само долж автопатот Салах-ал-дин кој влегува од преминот Карем Шалом, и продолжува до европската болница во близина на градот Кан Јунис.

Во остатокот од Газа, борбите продолжуваат непречено, соопштија израелските одбранбени сили.

Целта на привремениот прекин на огнот е да се овозможи влез на поголеми количини хуманитарна помош во појасот, откако последните недели израелската армија беше често обвинувана дека ги бомбардира хуманитарните конвои.

Според израелските медиуми, премиерот Бенјамин Нетанјаху, и министерот за одбрана Јоав Галант, воопшто не биле информирани за овој потег на армијата, додека пак министерот за национална безбедност, Итамар Бен Гвир го нарече будала тој што одлучил да се воведе прекин на огнот долж овој коридор.

Израелската војска предупреди на можна поширока ескалација додека продолжува тензијата на границата со соседен Либан.

Предупредувањето доаѓа во текот на осуммесечните речиси секојдневни судири меѓу милитантната група Хезболах и израелските сили во позадина на судирите на израелската војна против Хамас во Појасот Газа.

Хезболах, сојузник на палестинската група Хамас поддржан од Иран, неодамна нападна длабоко на територијата на Израел и воведе употреба на ново и понапредно оружје.

Израелски воени авиони бомбардираа цели во неколку градови во Либан тврдејќи дека станува збор за седишта на милитантната организација поддржана од Иран.

Хезболах вели дека ќе ги запре нападите само ако има примирје во Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК: Бугарија се уште не ги исполнува условите за влез во еврозоната

Дејан Дејан

Според Мицковски пораките на Радев наликлуваат на оние од среден век

Дејан Дејан

Синдикатот на полиција поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе