Вести Македонија Топ вести

Универзитетот на Мерко ќе продуцира и медицински сестри

Решение за акредитација на Факултет за здравствени науки доби Меѓународниот универзитет во Струга чија сопственост се поврзува со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. Претходно зелено светло даде министерот во заминување Јетон Шакири, кој пред да стане владин функционер беше професор на Универзитетот во Струга.

Од Агенцијата за квалитет на високото образование ја потврдија информацијата, но велат дека во тек е постапка за акредитација на студиските програми, па дури потоа ќе може да почне со работа оваа високообразовна  установа.

„Се акредитира проектот за основање на Факултет за здравствени науки, на приватната високообразовна установа Меѓународен Универзитет во Струга, согласно Законот за високо образование“, стои во решението за акредитација на Одбор за акредитација.

Од Министерството за образование велат дека одлуката е донесена поради потреба од повеќе здравствени работници во државата и покрај тоа што во во Македонија има 4 медицински факултети,  Скопје, Штип, Тетово и најновиот во Битола, кој ќе започне со работа од следната аакдемска година.

„Од страна на Владата дадено е и позитивно мислење за основање на Факултет за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга, каде ќе има тригодишни студии за медицински сестри. Погрешна е информацијата дека ќе има студии за едукација на доктори“, соопштија од МОН.

Пред една година САД го стави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко на црната листа, поради корупција и мешање во судски процеси, а на црната листа се и неговата сопруга, како и трите полнолетни деца.

Настариот син е сопственик на „Еуро колеџ Струга“, која пак е сопственик на струшкиот Меѓународен универзитет, кој сега добива акредитација за Факултет за здравствени науки покрај веќе постоечките Факултет за економски науки, Правен факултет, Факултет за информатички технологии и Факултет за политички науки.

Против струшкиот градоначалник во моментот се водат и неколку судски процеси, во кои тој е обвинет за злоупотреба на службата при набавката на луксузното службено „ауди“, и за незаконски назначување на директори во струшки училишта.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе