Вести Македонија Топ вести

Здружението на стопанственици на Индустриската зона Визбегово на протест против изградбата на асфалтната база

Секој ден ќе протестираме се додека целосно не запре изградбата на асфалтна база на оваа локација. Тврдоглавоста да се изгради вакво нешто во населено место, среде индустриска зона (како капитал што една држава го поседува) и каде што живеат и работат многу луѓе со што директно се загрозува нивното здравје е недозволиво, велат претставници на Здружението на стопанственици на Индустриската зона Визбегово.

Десетици компании има кои се директно засегнати, компании кои работат со угистетелство, компании кои работат со производство на храна, компании кои се во многу непосредна близина на асфалтната база, дури има и компанија која се занимава со здравство, Центар за дијализа на 500 метри од тука, вели драган цветановски од здружението на стопанственици на индустриската зона визбегово. 

Самиот процес на изградба на асфалтна база во индустриска зона која што е наменета за лесна, незагадувачка индустрија е спротивно на закон и тие што ја издале дозволата за ваква градба тука треба да се свесни, вели Спасовски.

Се надеваат дека Министерство за животна средина ќе ги заштити во овој процес, доколку надлежните совесно му пристапат на проблемот.

-Западните системи докажуваат дека процесот на обеспрашување на агрегат, азбестни камења е директно врзан за појава на канцери, белодробни заболувања, неплодност и серизни загадувања. Исто така топењето на битуменот како такво е директно поврзано со канцерогени заболувања, рече спасовски.  

-Сите сектори ќе имаат штета, една третина од животот тука го поминувааат преку 5000 вработени плус и сопствениците на фирмите. Слободно можам да кажам дека тука државата нема инвестирано ниту во инфраструктура, во ништо. И се тоа што гледате, патот е направено од бизнисмените тука, рече потпретседателот на Здружение на стопанственици на Индустриската зона Визбегово, Нухи Алиу.

Велат дека до сега многу пати реагирале до надлежните институции, но од таму молк за сето тоа што го предочиле за далекусежните последици по здравјето на луѓето.

Па загрижува загадувањето што ќе биде од асфалтната бааза, а поставена е точно на северна страна, едно ветре да дувне и се доаѓа во селото, затоа што е отворен простор ма 500 метри, вели мичо андреевски, жител на с. Визбегово.

Компанијата ТОП БИЛД која ја гради асфалтната база вели дека согласно сите законски прописи за градба, кои вклучуваат и заштита на животната средина прибавиле правосилно одобрение за изградба на индустриски објект во индустриската зона Визбегово. Согласно тоа како инвеститори започнале со градежни активности.

Досегашните настани кои го ограничија нашиот пристап до локацијата за која имаме правосилно одобрение за градба предизвикуваат огромни штети за нас како инвеститори, а со тоа се предизвикува и слабеење на националната економија. Компанијата Топ Билд во последно време е мета на црна кампања во која одредени субјекти се служат со манипулативни информации, а овие досегашните активности се кулминација на истата.Инаку, за појаснување опремата и постројките кои имаме намера да ги поставиме, согласно законски прибавената документација за градба, се произведени од реномиран Европски производител согласно Европската директива ЕН536, Машинската регулатива бр. 2006/42/ЕЦ како и Европската регулатива за заштита на животната средина и екологија, соопштија од компанијата.

Досегашното попречување на пристапот до приватен имот како инвеститори е пријавено до надлежните органи, велат од компанијата ТОП БИЛД.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе