Вести Македонија Топ вести

Лекувал пациенти со вдишување на пареа, им наплаќал по 500-600 денари – уапсен надрилекар од Кочани

Надрилекар од Кочани четири години мамел пациенти и ги лечел со водородна пареа. Измамникот е откриен од полицијата, по што СВР-Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Кочани и 55 годишниот В.П. исто од Кочани поради основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ во врска со надрилекарство.

„Од 2020 година до поднесување на пријавата, второпријавениот со намера да се стекне со противправна имотна корист набавил резервоар за вода (идентичен со тие што се користат во автомобилите), клетка за електролиза и електро полнач, кои ги употребувал како бренер за загревање и за инхалација кај граѓаните, преку вдишување на оксиводородна смеса во гасовидна состојба, која се користела за индустриски цели“, се вели во соопштението на СВР-Охрид.

Токсиколозите за Телма велат дека ова е класична измама на маката на пациентите, кои се надевале дека ќе бидат излечени од некаква болест, а всушност пациентите вдишувале само водородна пареа. Надрилекарот за здравствените сеанси што им ги правел на пациентите наплаќал од 500 до 600 денари, во зависност од дијагнозата. За своите услуги граѓаните ги информирал и се рекламирал на социјалните мрежи. Од СВР- Охрид велат дека се работи на случајот по насока на јавен обвинител.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Tелефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп траел два часа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе