Вести Македонија Топ вести

ФОТО: Се урна потпорниот ѕид и оградата кај Детската Клиника во Скопје

Се урнаа потпорниот ѕид и оградата на Клиничкиот центар на улицата Белградска во близина на Детската клиника во Скопје (делот кон Водно).

Уривањето на ѕидот е пријавено претпладнево, а првично се претпоставува дека причината се подземни води. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов рече дека ситуацијата била алармантна и пред година и пол кога тој ги известил Министерството за здравство, град Скопје, МВР, општина Центар и други институции, но никој не реагирал.

-После 1,5 година не е преземено нешто, и наутро добивме пријава дека дел од овој ѕид е срушен, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улицијата, по што можна е поголема трагедија. Од страна на ЦУК во повеќе наврети е инвертернирано, односно се испратени дописи. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност, изјави  Стојанче Ангелов, директор на ЦУК, во видео кое е снимено и дистрибуирано од Центарот за управување со кризи.

Дел од ѕидот заврши на улицата, а дел во дворот на Клинички центар, на паркинг кој е пдо самата ограда. Автомобили и понатаму се движат по улицата и по инцидентот, а во близина се наоѓа и службениот влез на Клинички центар, најблискиот влез за Детска клиника.

Центарот за управување со кризи информира дека е накосен целиот потпорниот ѕид на Детската клиника во Клинички центар и проблем се подземните води. Под улицата има цел сплет на одводни канали и инфраструктура, но Ангелов изјави дека никој не знае во чија сопственост и надлежност се. Тие канали се пзатнати и неисчистени поради што подзмените води од Водно се спуштаат директно кон потпорниот ѕид.

(видео)Ангелов: Дел од потпорниот ѕид над Детската клиника се сруши, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе