Вести Македонија Топ вести

Тетовските инспектори започнаа со засилени контроли и казни за фрлање интертен отпад на несодветни места

Тетовските инспектори започнаа со засилени контроли и казни за фрлање интертен отпад на несодветни места, а од Општината повикаа граѓаните да ја користат воведената услуга на комуналното претпријатие за подигање ваков вид отпад.

Според состојбата во градот тие имаат полни раце работа. Во недостиг на соодветна локација, во и покрај контејнерите може да се забележи мебел и остатоци, гранки, градежен материјал и слично.

„Ги идентификуваме сите кршители на законот и нема да има толеранција, ќе постапиме според законот. Досега реагираа дека немаме кај да ги носиме, сега нема потреба никаде да ги носат. Од ЈКП ќе одат до дома да ги земат, но ако ги фатиме ако фрлаат каде што не е место ќе има и казни“ изјави Биљал Касами, градоначалник на општина Тетово

Дел од жителите сѐ уште не се запознаени со новата услуга, но велат дека е неопходна, но за истата да се наплатува симболична цена.

„Немаме култура ние. Ако почнало ова, може за година-две да се постигне. Не знам од кога е тоа воведено. Гледам контејнериве, поовина внатре половина надвор фрлен отпадот. Ќе дојде да го фрли, не го става внатре“.

„Треба симболична сума, нормално имаат трошоци за вработени и гориво, но да биде прифатливо тоа. Или градежен отпад има, цигли кај мене кај што живеам, само се реновира“.

Откако на градоначалникот му беше посочено дека на жител на градот од службата му побарале нереално висока цена за да му подигнат стар фрижидер, тој вели дека ќе се направи соодветен ценовник.

„Ова е првпат што се дава таква услуга, ние почнавме од некаде, ако има вакви ситуации ќе се направи ценовник за согласно тоа и да се реагира. Ќе видиме и во другите општини каква е методологијата, но сигурно ќе најдеме начин да им излеземе во пресрет“ – изјави Биљал Касами, градоначалник на општина Тетово

Со години наназад Тетово се соочува со проблеми со управувањето на сметот, поради што сегашната локална самоуправа лани го реструктуираше комуналното претпријатие, па за собирање на сметот од контејнерите е задолжена приватната фирма Заубермахер, додека јавната чистота остана обврска на ЈКП Тетово.

 

Данијела Билбилоска

 

 

 

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе