Вести Македонија Топ вести

Температурите денеска се искачија над 30 степени

Температурите денеска се искачија над 30 степени. И во најтоплиот ден од денот околу 14 часот можевме да видиме голема раздвиженост на граѓани. Дел од нив со себе носеа наочари за сонце и се разладуваа со сладолед, а останатите спасот од  жешкото го бараат во ладовина под сенка и во климатизирани простории како трговски центри.  Од итната помош велат дека деновиве имаат голем број повици од граѓани кои се жалат на симптоми предизвикани од жештините и ги повикуваат граѓаните кои мораат да излезат од дома да облекуваат светла облека и со себе да носат вода и заштитна капа и наочари.

„Зголемени се повиците од јавните места, а посебно од повозрасните и хронично болните. Краткотрајно губење на свеста, односно колабирање, оние кои имаат шеќерна болест имаат проблеми со паѓање на нивото на шеќерот во крвта – изјави Марина Сотировска, раководител на смена во Брза помош     

Исто така се апелира до сите учесници во сообраќајот повеќе да внимаваат затоа што деновиве има зголемен број сообраќајни незгоди.

Синоптичарите велат дека до среда се очекуваа температури до 40 степени, а останатите неколку денови граѓаните ќе можат да здивнат од жешкото време, но само накратко. Од следната недела повторни не очекуваат високи температури.

„Температурите ќе бидат над просекот. Ќе имаме доста топол и сув јуни, меѓутоа не е ништо ново тоа така било и во претходните години, дури и потопло ,, – вели Ленче Ризова од управата за хидрометеоролошки рабoти

Високите температури со рекорди од 40 степени продолжуваат и во наредниот период, а надлежните кои треба да донесат мерки и препораки за граѓаните,, особено за хронично болните и работниците кои извршуваат работи на отворено ги нема, затоа што се уште нема формирано Влада.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штипјанец кој палел огномети, со години ја лажел полицијата дека има фирма за таа намена

Дејан Дејан

Трамп и Путин согласни за крај на војната во Украина

Дејан Дејан

Тахири: Ова е политички момент кој Таравари ќе сака да го употреби за да го оправда неговото политичко дејстувување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе